Од денеска струјата и официјално поскапа за 5,48 проценти

Bez autora
Mar 01 2011

Од денеска цената на струјата и официјално се зголемува за 5,48 отсто. Регулаторната комисија за енергетика вчера на главна седница ја потврди одлуката за новата цена на електричната енергија, што веќе ја утврди на подготвителната седница што се одржа минатата недела. Според Регулаторите, тоа се должи пред се на зголемените трошоци од работење на енергетските компании што директно влијае на крајната цена на струјата. Со оваа одлука, ЕВН-Македонија доби зголемување од 4,77 насто, државниот преносен систем-оператор МЕПСО 4,26 насто, а државните електрани ЕЛЕМ од 0,54 отсто. Товарот од новата цена ќе го почувствуваат крајните корисници чии сметки за март ќе ги платат во април годинава. Просечната цена на струјата ќе изнесува 3,99 денари по киловат-час, додека за домаќинствата ќе биде 3,53 денари во скапата и 1,76 денари ефтината тарифа.

Од денеска струјата и официјално поскапа за 5,48 процентиОд денеска цената на струјата и официјално се зголемува за 5,48 отсто.

Регулаторната комисија за енергетика вчера на главна седница ја потврди одлуката за новата цена на електричната енергија, што веќе ја утврди на подготвителната седница што се одржа минатата недела. Според Регулаторите, тоа се должи пред се на зголемените трошоци од работење на енергетските компании што директно влијае на крајната цена на струјата. Со оваа одлука, ЕВН-Македонија доби зголемување од 4,77 насто, државниот преносен систем-оператор МЕПСО 4,26 насто, а државните електрани ЕЛЕМ од 0,54 отсто.

Товарот од новата цена ќе го почувствуваат крајните корисници чии сметки за март ќе ги платат во април годинава. Просечната цена на струјата ќе изнесува 3,99 денари по киловат-час, додека за домаќинствата ќе биде 3,53 денари во скапата и 1,76 денари ефтината тарифа.

Просечното зголемување на сметките за струја ќе зависи од потрошувачката на домаќинството. Доколу домаќинствата користат електрична енергија за греење, тогаш и зголемувањето ќе биде поголемо, бидејќи ако сметката за струја била околу 6.000 денари, со новата цена таа ќе биде повисока за 330 денари.

Со сегашното зголемување ЕВН за прв пат добива најголем процент, а најнезадоволни се од ЕЛЕМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik